Зегин ДОО Скопје лого

Аналитичар на цени на пазар

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АНАЛИТИЧАР НА ЦЕНИ НА ПАЗАР

Основни задачи и одговорности:

  • Анализа на цените на пазарот
  • Неделна проверка на цените во аптеки и маркети
  • Анализа на активности во аптеки, маркети (акции, промоции)
  • Посета на наши аптеки
  • Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
  • Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
  • Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
  • Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
  • Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот.
  • Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)

Посакувани карактеристики:

  • ВСС, VII степен на Економски факултет - Е - бизнис претставува предност,
  • 1-2 години искуство во областа, анализа на продажба и администрација на продажба
  • Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија - задолжително

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа

Што нудиме:

  • Солидна плата по договор
  • Можност за професионален развој и надоградба
  • Бенефити за вработени
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
  • Програма за кариерен развој
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »