
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Аналитичар во Контрола на квалитет
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
- Минимум 1 година соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа.
- Солидно познавање и работење во областа на инструментални анализи и сепаративни техники-хроматографија (HPLC, GC, GC-MS, LC-MS, ICP и сл.)
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.
Работни задачи:
- Следење на системот за контрола на квалитет во аналитичка лабораторија преку имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници итн;
- Контрола и анализа на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, стабилност на фармацевтски производи/развојни серии, валидациони активности.
- Солидно познавање на инструментални анализи, сепаративни техники-хроматографија и активно работење на припрема и анализа на примероци за тестирање согласно аналитичките методи и спецификации за квалитет.
- Спроведување на валидација на аналитички методи, следење на валидациони протоколи, валидација на чистење, OOS и евалуација на резултати согласно GMP и ICH водичите.
- Одговара непосредно на Директор на контрола на квалитет.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »