
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ОПЕРАТОР ЗА ИНЖЕНЕРИНГ
Потребни квалификации:
- ВСС - архитектонски факултет/факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер/останати технички факултети
- Познавање на програм за креирање на цртежи и документација за внатрешен дизајн - AutoCAD
- Познавање на некои од програмите за креирање на 3D модели и рендери - Sketchup, Revit, Vectorworks, Enscate, Vray, 3ds max
- Познавање и работа во апликациите од Microsoft Office пакетот (Word i Excel)
- Предходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Основно познавање на англиски јазик
Личен профил:
- Посветеност, лојалност и одговорност
- Желба за работа во средина со високи барања
- Добри комуникациски способности
- Флексибилност/адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
- Ефективност и ефикасност
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување предвидени со законот на РСМ.
Своето CV доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оператор за инженеринг".
Останати огласи »