
За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следните работни позиции:
ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР - 1 извршител
Опис на работно место:
- Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски
- Узорцира меѓупроизводи, полупроизводи и готови производи и прочистена вода, според пропишаните постапки во процедурата за узорцирање за да се обезбеди репрезентативен примерок за тестирање
- Ги евидентира узорцираните примероци во Главната книга на Сектор Контрола на квалитет
- Узорцира пропишан број готови производи за чување како референтни мостри и ги евидентира во соодветен образец
- Ги мониторира на дневна база условите во просторијата за чување референтни мостри и ги внесува отчитаните податоци во соодветните обрасци
- На барање на аналитичарите изготвува реагенс раствори според пропишана постапка
- Врши анализи на физички параметри на меѓупроизводи, полупроизводи и готови производи, како што се релативна густина, губиток со сушење, маса, полнење и др.
- Врши заведување на реагенси и потрошни материјали во соодветни обрасци по нивно добивање, како и евиденција на нивната потрошувачка
- Редовно го проверува рокот на референтните стандарди, реагенсите и други потрошни материјали
- Редовно го евидентира и правилно го складира хербалниот отпад
- Дистрибуира сертификати и други документи до други сектори.
Потребни квалификации:
- ССС (фармацевтски или хемиски техничар);
- Минимум 1 година соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа.
- Солидно познавање и работење со аналитички инструменти и лабораториска опрема за определување на физички параметри;
- Солидно познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација).
Лични вештини:
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Развиени аналитички способности;
- Внимание на детали;
- Организациски и комуникациски способности;
- Ентузијазам за нови знаења и техники;
- Ефикасност во извршување на работните задачи;
- Одговорност;
- Лојалност и дискреција.
Што нудиме:
- Организиран превоз до и од работното место;
- Можност за учење и развој;
- Пријатна работна атмосфера;
- Компетитивна плата.
При изборот на кандидати ќе биде спроведен процес на селекција и интервјуа. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 20/07/2022 година.
Кратка биографија да се испрати на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК Холдинг ДООЕЛ Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата.
Слични огласи »