Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник
Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот, МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (хербални производи), има потреба од три (3) Стручни соработници со следните квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
- Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
- Комуникациски и презентациски вештини
- Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.
МЕДИКУС е успешна компанија која постојано напредува.
Ние градиме тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера.
Кај нас ќе бидете почитувани и наградени за трудот и успехот во работата.
Одговорности:
- Посета на лекари и фармацевти со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
- Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и производите
- Спроведување на предвидените маркетинг активности
- Остварување на предвидениот план за продажба
- Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
- Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари
Профил на идеалниот кандидат:
- Комуникативен и добар слушател
- Лојален, отворен и искрен
- Подготвен за патување
- Ориентиран кон резултати
- Посветен на работата и реализација на зададените цели
- Тимски играч
Посебно цениме личности кај кои се истакнува
- Проактивност, мотивираност и иницијативност
- Одговорен однос кон работата
- Стручната способност и амбицијата за стручно усовршување
Компанијата ќе ви овозможи:
- Интересна и динамична работна средина
- Службено возило за исполнување на работните задачи
- Полно работно време од 8 работни часа на ден или 40 часа неделно
- Договор на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време
- Почетна плата во зависност од искуството, и брзо напредување
- Годишен регрес и бонус
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 07:30 до 15:30 часот.
Неделното работно време е од понеделник до петок.
Локација на објектот е во населба Ѓорче Петров.
Во колку сте подготвени да го збогатите нашиот тим
Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со назнака за работно место СТРУЧЕН СОРАБОТНИК: на e-mail: medikus@medikus.com.mk
- Резиме (кратка биографија) со фотографија, најдоцна до 10.02.2024.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.