Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на1 (еден) работник на работно место манипулант - општ работник определено време од 4 (четири) месеци во Склад Подмоље - Охрид во Дирекцијата за големопродажба.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено основно образование;
- Со или без работно искуство.
Работното време за горенаведеното работно место е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Висината на основната плата за горенаведеното работно место изнесува 28.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Начин на апликација:
Аплицирањето се врши со пополнување на електронскиот формулар подолу во огласот и прикачување на потребните документи:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за аплицирање, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ