b watch 1920 лого

Асистенти за Продажба

За компанијата: Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Aсистент за продажба - Скопје

(преземи го огласот во Word)

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во продажните салони  во Скопје.

Потребни ни се кандидати на возраст од 20 до 30 години кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.

 

Краток опис на работните задачи и одговорности:

- грижа за имиџот на компанијата

- примена на стандардите за работа

- градење и негување добри односи со потрошувачите

- ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите

- примена на продажни вештини

- презентирање на нови производи и акции

- евиденција на документи во малопродажба

- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури

- одржување на хигиена во продажниот салон

 

Потребни квалификации:

- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа

- желба за понатамошно учење и развој

- совесност, одговорност и самомотивираност

- флексибилност и способност за адаптација

- самоиницијативност

- трпеливост

- способност за работа под притисок

- најмалку завршено средно образование

- општо познавање на MC Office програмите и интернет

 

Потребна документација:

- CV не постаро од 6 месеци

- пријавено образование во агенција за вработување

 

Вие добивате:

- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво.

- можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба.

 

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

 

Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата  и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 08.10.20  на [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

                                                                                                                                                                   

 

                                                                                                                                                        Ве очекуваме,

                                                                                                                                                        Тимот на b watch 1920

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »