Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.
Прима Оптика, достапна на 5 локации во Скопје, го проширува продажниот тим со амбициозни луѓе кои би сакале да се надградуваат и да заработат атрактивен финансиски пакет. Бараниот профил се кандидати со возраст над 30 години, со стекнато искуство во малопродажба, работа со каса и директна комуникација со купувачи. Особена предност имаат кандидати кои имаат искуство во работа со луксузни производи и говорат англиски јазик.
Работното време е 40 часа неделно, работа во смени во 6 работни денови и по потреба работа за време на викенди и празници. Почетната плата е 18.000 ден, со можност за брза надоградба во зависност од перфомансата на кандидатот.
За одбраните кандидати следува платена почетна обука.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За асистент за продажба) на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »
Обуки
пред еден час
пред 5 часа
пред 7 часа
пред 8 часа
пред 9 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена