
За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу:
повеќе за компанијата »Огласот е отворен до исполнување на позицијата.
Прашања и повеќе информации на [најави се за да го видиш е-маилот] или на 075 455 299
За позицијата
Paket.mk е онлајн супермаркет, кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија.
Имаме потреба од оператори во дистрибутивниот центар кои ќе бидат задолжени за:
- Примање на набавките, проверка и полнење на магацинот
- Комплетирање на нарачките со собирање на производите (Picking) и пакување на нарачките (Packing)
- Внимателно селектирање на овошје, зеленчук и други свежи производи
- Предавање на нарачките на доставувачите
Работата ќе се одвива во Скопје – Кисела Вода (Пинтија) во две смени од понеделник до сабота, и тоа 1-ва смена од 7:00-15:00 часот од понеделник до петок, и втора смена од 15:00-21:00 часот од понеделник до сабота, односно 40 часа неделно распоредени во 5 или 6 дена.
Потребни вештини
- Искуство во трговија, магацинско работење или производство
- Искуство во деловна комуникација
- Снаодливост, брзина и способност за исполнување на сложени задачи во краток рок
- Прецизност и чувство за детали
Би било одлично доколку
- Имате претходно искуство во работа во некој супермаркет
- Имате напредно познавање на начинот на работа со свежо овошје и зеленчук
- Имате претходно искуство во магацинско работење
- Сте работеле со систем за управување со залиха и магацини
Поволности кои ги добиваш
- Фиксен загарантиран надоместок со можности за бонус и унапредување
- Месечна плата во износ од 20.000 до 25.000
- Соодветни услови за работа
- Континуирани интерни обуки за работа со современи системи за е-трговија
Аплицирај веднаш со испраќање на CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »