Новомак ДООЕЛ лого

Раководител на магацин

За компанијата:

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН

Опис на работното место:

  • Организирање, координирање и надгледување на сите активности во магацинот
  • Одговорност за прием, складирање и издавање на стоки
  • Воспоставување и следење на магацински процеси согласно интерни процедури и стандарди
  • Водење, распоредување и мотивирање на тимот во магацинот
  • Контрола на залихите и водење на евиденција во магацинскиот софтвер
  • Комуникација со секторот набавка, транспортни служби и други оддели во компанијата
  • Следење на ефикасноста на магацинските процеси и предлагање подобрувања
  • Грижа за безбедноста и уредноста на магацинскиот простор

Потребни квалификации:

  • Минимум 5 години работно искуство во магацинско работење, од кои најмалку 2 години на раководна позиција
  • Добри организаторски, лидерски и комуникациски способности
  • Познавање на магацинска логистика, процеси и документација
  • Одговорност, прецизност и ориентираност кон резултати
  • Работа со компјутер (MS Office, магацински софтвер, ERP – предност)
  • Возачка дозвола Б категорија (предност)

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
  • Можност за професионален и личен развој
  • Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина

📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]

🕒 Рок за аплицирање: 27.11.2025

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »