
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Био Медика, компанија која се занимава со продажба на медицински потрошен материјал и опрема за операциони сали, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Планирање и продажба на медицинска опрема и потрошен материјал;
- Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти;
- Активно учество и придонес во развојот на компанијата;
- Активно учество во целокупниот процес на продажба и набавки;
- Управување со доверливи и деликатни информации;
- Контролирање и процесирање на барања за набавки според спецификации, буџет и постоечки количини на лагер;
- Ја претставува компанијата во процесите на преговарање со клиентите и барањата за набавка на потребните материјали;
- Дејствува како контакт лице помеѓу компанијата и добавувачите, како и интерно помеѓу одделението и крајните потрошувачи;
- Остварување на зададените цели и пла за работа;
- Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен;
- Редовни контакти и посета на лекари и болници;
- Следење на активностите на конкуренцијата;
- Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
- Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование (Медициски Факултет; ПМФ- Биохемија ќе се смета за предност);
- Претходно работно искуство од минимум 2 години на иста или слична позиција (предност е работа со медицинска опрема и материјали);
- Поседување на возачка дозвола (Б категорија);
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office пакет.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одлично познавање на локалниот пазар и конкуренцијата;
- Одлични преговарачки способности
- Динамичност, посветеност и организираност во работењето;
- Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост
- Способност за работа под притисок и почитување на рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 02/02/2021.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »