Декра лого

Офицер за усогласеност

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата и предводник во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Офицер за усогласеност

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Обезбедување дека компанијата се придржува до сите законски стандарди, како и интерни политики и процедури;
  • Следење на усогласеноста на компанијата со македонските закони и прописи кои се применуваат за нејзиното работење;
  • Следење на усогласеноста на компанијата со нејзините внатрешни политики и процедури;
  • Управување и надзор на системите за проценка на ризик;
  • Контакти со релевантните внатрешни сектори/одделенија и надворешни советници на Друштвото во врска со вршењето на проценките на ризикот;
  • Известување на раководството за какви било прекршувања или проблеми со усогласеност, давање препораки и мислења за подобрување на интерните контролни функции за управување со ризик и следење на важечките закони и интерни правила;
  • Периодична ревизија на процедурите и давање предлози до раководството на Компанијата за дизајнирање/подобрување и имплементација на ефикасни политики на компанијата, процедури во согласност со Политиките на Групацијата и важечките закони;
  • Учество во работа на тимови, назначени од раководството, со цел отстранување на идентификуваните неусогласености;
  • Идентификување на потребните обуки и учество во подигање на свеста/обуки на персоналот вклучен во работните активности и соодветно извршените проверки на усогласеноста;
  • Извршување на улогата на Офицер за заштита на лични податоци на компанијата (DPO);
  • Следење и известување до компанијата за сите претстојни големи измени во правната рамка применлива за работењето на Компанијата;
  • Извршување на други работни задачи од областа на стручната квалификација дадени од претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна спрема од областа на право, финансии, бизнис администрација или слична сродна област;
  • Претходно работно искуство од (3) години како Офицер за усогласеност ќе се смета за предност;
  • Познавање и разбирање на индустриските регулативите и најдобрите практики, ќе се смета за предност;
  • Практично искуство со разновидни известувачки активности и процедури;
  • Познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Добри организациски вештини и time-management вештини;
  • Силни интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Мulti-task способност;
  • Способност за критичко размислување и способност за решавање на проблеми;
  • Ориентираност кон резултати;
  • Вештини за донесување одлуки;
  • Професионализам и висок етички стандард

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди работа во позитивна и конкурентна работна средина со можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака на позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е: 20/09/2022

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »