МАКПЕТРОЛ лого

Рецепционери/ки во хотел Макпетрол Струга

За компанијата:

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето... повеќе за компанијата »

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!

О Г Л А С

За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 4 (четири) месеци на работно место рецепционер во РЕ 544 Хотел Макпетрол во Струга во Дирекција за внатрешна контрола и безбедност во „Макпетрол“ А.Д. Скопје.

Работни задачи и одговорности:

  • Пречекување и услужување на гости/клиенти.
  • Комуникација (телефон, е-пошта, информации).
  • Закажување термини и организација на распоред.
  • Административни задачи и евиденција.
  • Координација со тимот и решавање проблеми.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – туристичка насока;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
  • Познавање на англиски или германски јазик.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.

Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно, во согласност со однапред утврден распоред за работа.

Основната нето плата изнесува 28.500 денари, на која дополнително се исплаќаат наведените надоместоци и тоа: работата за време на неработни денови, празници, ноќната работа и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.

Начин на апликација:

Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.

Лице за контакт: Јана Момировска

Телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои ќе аплицираат по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »