
Студио Модерна е водечка омниченел и мултибренд компанија во регионот. Веќе 30 години сме присутни на нашиот пазар како дел од меѓународна групација. Нашите производи го олеснуваат и подобруваат секојдневниот живот, домот и благосостојбата на секој поединец. Нашите познати брендови Топ Шоп, Дормео, Делимано, Ровус се синоним за иновативност, врвен квалитет и дизајн. Нашиот повеќеканалски пристап ги приближува производите до секој поединец, а нашите резултати се инспирирани од успешните врски со нашите купувачи.
Во потрага сме на енергичен, квалификуван, искусен и умешен кандидат кој сака да биде дел од нашиот тим
Бараме Менаџер за Телемаркетинг и Кол-центар
Што се очекува
- Високо ниво на професионализам и интегритет
- Знаење и вештини за развивање, раст на бизнисот и постигнување резултати
- Динамична личност, тимски играч со силни комуникациски и интерпероснални вештини
- Порив и мотив за работа, позитивен став и ориентираност кон постигнување на цели
- Умешност во развивање на стратегии за унапредување на продажба, унапредување на операциите и ефикасноста
- Следење и анализа на метрики за перформанси и унапредување на вештините на вработените
- Самоиницијативност, самостојност и одговорност за раководење на процеси и човечки ресурси
Што нудиме
- Менаџерска позиција и конкурентна плата
- Систем на награди врз основа на остварувања
- Можности за унапредување и личен развој
- Можности за унапредување на знаење во рамки на меѓународен тим
Испратете ја вашата апликација на: info.mk@studiomoderna-sa.com
Слични огласи »