
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
ПРАВНИК
Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома, Положен правосуден испит;
- Најмалку 5 години работно искуство во областа на правни работи, познавање на корпоративното право
- Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.
Работни обврски
- Изготвување на правни мислења и анализа на релевантни закони;
- Учествува во ревидирање и изготвување на внатрешните акти на Друштвото;
- Изготвување документација и спроведување на постапки пред надлежни институции;
- Изготвување на Договори, Одлуки и други правни акти;
- Застапување на предмети во судска постапка, изготвување на редовни и вонредни правни лекови, дописи и друга документација потребна за судски постапки;
- Врши и други сродни работи.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Правник”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »