Слајон Комерц Дооел лого

Продажен асистент - E-HORECA City Mall

За компанијата:

Компанијата Слајон Комерц ДООЕЛ Скопје е основач на брендот Е-HORECA и една од главните компании за големопродажба специјализирана за увоз, извоз, трговија на големо и мало на кафе, машини за кафе и... повеќе за компанијата »

Е-HORECA ВРАБОТУВА !

Станете дел од тимот на нашата продавница за кафе во SKOPJE CITY MALL! Бараме комуникативна и одговорна личност која сака да стане дел од интернационална компанија која нуди континуиран развој и унапредување.

Опис на работната позиција:

Вашите главни задачи ќе бидат:

  • Прием на роба и изложба на артикли
  • Љубезно пречекување и услужување на купувачите
  • Препорака и продажба на нашите кафе брендови
  • Работа со каса и процесирање на нарачки
  • Одржување на уредноста во продавницата

Што очекуваме од вас:

  • Енергичност, позитивен став и професионален изглед
  • Познавање на принципите на продажба и комуникација со клиенти
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина
  • Познавање на англиски јазик (познавање на други јазици се смета за предност)
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во продажба/угостителство
  • Познавање на MS Office (основно ниво на познавање);

Нудиме:

  • Конкурентна почетна плата од 30.000 денари, со можност за раст согласно перформансите
  • Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуални и тимски остварени продажни цели
  • Сезонски бонуси поврзани со индивидуални и тимски резултати
  • Исплата на регрес за годишен одмор (К-15)
  • Загарантиран годишен одмор
  • Бонус за успешна препорака на нов колега
  • Пријатна работна атмосфера во модерен продажен простор
  • Можност за развој во успешна компанија

Доколку сакате да работите во светот на кафето, испратете ја вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на Вибер на телефонскиот број 075407133.

⏳ Огласот е отворен до 04.05.2026 година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »