
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »За потребите на нашиот клиент, современа и иновативна компанија, чија основна цел е на компаниите да им понуди различни видови решенија и услуги од ИТ опрема, канцелариски и рекламни материјали, Декра ја огласува следната позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Развивање на планови и стратегии за обезбедување на краткорочни и долгорочни цели на компанијата;
- Воспоставување вредносен систем, култура и однесување на компанијата;
- Градење и воспоставување на висококвалитетен тим за продажба;
- Поддршка, надлежност и мотивирање на менаџерската постава во унапредување и одржување на ангажманот на вработените;
- Надлежност на сите операции и деловни активности за добивање на посакувани резултати, согласно стратегиите и мисијата на компанијата;
- Донесување квалитетни инвестициски одлуки за унапредување на бизнисот и зголемување на профитот;
- Спроведување и придржување кон правни упатства и внатрешни политики на компанијата;
- Преглед и контрола на финансиски извештаи и распределба на капиталот на компанијата;
- Анализа на проблематични ситуации и обезбедување на решенија за опстанок и пораст на комапнијата;
- Градење на доверба и професионални односи со клучни партнери;
- Анализа на пазарот и индустријата и одржување на конкуретна предност на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Виско Образование;
- Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично владеење на MS Office package;
- Возачка дозвола- Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Способност за раководење и контролирање на работата и обврските;
- Одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на мултикултурно работно опкружување;
- Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
- Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели;
- Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
- Позитивен ментален став;
- Подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
- Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е: 09/03/2019
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Останати огласи »