За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот...
повеќе за компанијата »Агенција Рејтинг има потреба од мотивиран ПР асистент кој ќе му помага на нашиот тим при осмислување и реализација на кампањи. Позицијата дозволува огромен напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.
Нашиот идеален кандидат е креативна личност со завршено високо образование во областа на односи со јавноста и комуникации. Од особена важност ни е кандидатот да биде посветен на професијата со одлични вештини за пишување и истражување. Кандидатот треба да има интерес и желба за развој во областа на политичките комуникации и добро познавање и следење на политичките случувања во земјата и светот. Се бара перфектно познавање на англиски јазик и одлични истражувачки вештини. Доколку сте организирана, самоуверена и комуникативна личност, тогаш би сакале да Ве запознаеме.
Должности:
- Одржување на календари (прес конференции и други настани) и медиумски листи.
- Асистирање при организирање и спроведување на настани, кампањи и слично.
- Спроведување на истражување на интернет и правење извештаи
- Пишување на соопштенија за медиуми.
- Едитирање на видеа и креирање на презентации.
- Следење на медиумска покриеност и веб аналитика.
- Извршување на општи административни работи
- Одржување на профили на социјални мрежи
- Политичка анализа и квалитативна анализа на медиумска содржина
Кандидатот треба да:
- Има искуство како ПР асистент или да работел на слична позиција.
- Има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле.
- Ги разбира основните ПР и маркетинг концепти и практики.
- Биде подготвен/а будно да ги следи трендовите во релевантните индустрии.
- Биде вешт со компјутери; работа со софтвер за видео и графичко едитирање е предност
- Поседува одлични вештини за комуникација и пишување.
- Биде добро организирана личност која исполнува рокови.
- Има око за детаљи и аналитика.
Работно време е од 9 до 17, но Пр-от како професија бара флексибилност и достапност.
Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »