
За компанијата:
МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ДООЕЛ од Скопје е основана во 2003 година како приватно претпријатие. Основна дејност на претпријатието е трговија на големо со хемикалии, опрема, консалтинг и инженеринг во сите области од прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци и професионалната хигиена.
повеќе за компанијата »Бараме административен работник со и без работно искуство. Идеалниот кандидат треба да има одлични организациски способности, одлични комуникациски и мултитаскинг вештини како и прецизност во работењето.
Главни одговорности:
- Архивирање и евиденција на документи;
- Проверка, обработка и подготовка на документи за во сметководство;
- Поддршка во тековните административни процеси;
- Управување со набавката на канцелариските материјали;
- Комуникација и координација со добавувачи, клиенти, шпедиција, траспортери и институции, кога е потребно.
Квалификации и вештини:
- Економски факултет
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel,Outlook, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
- Силни организациски и одлични комуникациски и интерперсонални вештини
Работно време од 08:00-16:00 часот од понеделник до петок.
Кандидатите може да бидат со или без работно искуство.
Платата е предмет на договор, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Слични огласи »