ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
- Оператори во алатница
Оператор во алатница ќe биде дел од тимот на одржување. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на секторот за инженерство и одржување, како и целиот процес на производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите и грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа. Притоа треба да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Работата се извршува во смени.
Квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), Работно искуство од 1 до 3 години во производствена средина
- Способност да ги разбира да ги следи и применува инструкциите во процесот на подготовка на глодалка и струг, инсталирање и подесување на стегачки алатки, правење на запчаници, вратила, пиксни, како и остранување на проблеми во текот на производниот процес.
- Одржување на опремата со имплементирање на превентивно, предиктивно и корективно одржување, како и следење на инструкциите зададени од компанијата.
- Следење на документацијата по завршување на производство и запазување на квалитетот со архивирање на податоците во текот и по изработката на делот.
- Висока посветеност на постигнување на бараниот квалитет на производот
Конкурентски предности
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
1, Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
2, Биографија (CV);,
3, Доказ за завршено образование;
4. Дополнителни дипломи и сертификати.
Кандидатите треба да ги исполнат и општите услови предвидени со Закон.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за Оператори во алатница до Сектор за управување со човечки ресурси на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]