
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот Клиент, компанија која работи во доменот на осигурување, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Одговорен за естимација на техничките резерви на Друштвото;
- Го известува Одборот на Директори и Извршниот Директор за околности што може да имаат значајно влијание врз работењето на Друштвото од актуарска перспектива, а посебно за адекватноста на техничките резерви и адекватноста на пресметаните премии и останатите обврски на Друштвото;
- Изготвува писмени извештаи за извршените актуарски пресметки и проверки на техничките резерви и ги доставува до Одборот на Директори, Извршниот Директор и раководните лица во Друштвото, како и до Регулаторот;
- Му обезбедува совети на Друштвото за осигурителните ризици со кои се соочува Друштвото;
- Му обезбедува совети за политиките на вложување и вреднување на средствата на Друштвото;
- Изготвува актуарски пресметки и проекции за воведување на нови осигурителни производи;
- Обезбедува совети за солвентната позиција вклувајќи преспетка на капиталот и маргината на солвентност, техничките резерви, резервите на сигурност и останатите резерви на Друштвото;
- Подготвува други актуарски пресметки во врска со оценка на ризиците и политиките на Друштвото како и соодветните контроли релевантни за финансиската состојба на Друштвото.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Високо Образование;
- Задолжително поседување лиценца за Овластен Актуар;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години во осигурителна компанија;
- Познавање на законската регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Добри аналитички способности;
- Одговорна и лојална личност;
- Способност за индивудуална и тимска работа;
- Способност за организација и контролирање на работата и обврските.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е: 03.09.2020.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Останати огласи »