ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје лого

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

 

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

 

За потребите на одделот Високoнапонски постројки, Група Проект менаџмент, бараме:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)

 

Работни задачи:

  • Реализација на инвестициски проекти и проекти за одржување - управување со изградба на 110 kV и 35 kV водови и 110 /xx kV и 35/xx kV трафостаници - проектен менаџмент
  • Реализирање на проекти по барање на потрошувачи (опремување на ќелии во трафостаници на ЕВН, опремување на блок ќелии во трафостаница на потрошувач, дислокација и/или каблирање на 35 kV мрежа),
  • Подготовка на концепти, технички и тендерски спецификации, учество на тендери, рамковни договори
  • Координирање на тимот за примарна техника, како и тимот за релејна заштита во насока на реализација на проектите

 

Потребни квалификации

  • Електро-технички факултет - Енергетика
  • Познавање и користење на MS Office
  • Соодветно претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Одлично познавање англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одговорност, флексибилност и тимска работа

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција испратете куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 20.10.2019.

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »