USAID Strengthening Resource Mobilization Activity лого

Municipal Budget Planning Junior Experts

(преземи го огласот како PDF)

Консалтинг за стратешки развој (КСР) во рамки на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ објавува

Повик за

избор на еден (1) виш експерт кој ќе обезбеди техничка помош за 10 избрани единици на локалната самоуправа за поделба на должностите во процесот на општинско буџетирање

1. Позадина на проектот

Северна Македонија се стреми да биде просперитетно, самостојно и инклузивно демократско општество. Во постигнувањето на оваа цел, проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (2021-2026) ќе им помогне на македонските владини институции да ги зајакнат и самостојно да управуваат со потребните административни и фискални промени, како и со промените во политиките, а предвидени во проектниот план за активности. Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе работи на подобрување на финансиските дисциплини на локалната администрација преку зајакнување на капацитетите за планирање и извршување на буџетот, како и за известување за истиот.

 

Техничката помош на експертот ќе се базира на резултатите од примената на Општинската картичка за постигнување на резултати (развиена во рамки на проектот) и идентификуваните празнини од страна на проектниот тим. Вишиот експерт ќе обезбеди поддршка за единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во поделбата на должностите во процесот на буџетско трошење, при тоа придржувајќи се кон постојното законодавство за буџетирање, како и користејќи практични алатки за извршување. Експертот ќе обезбеди директна техничка помош за поддршка на 10 избрани ЕЛС од почетната група од 16 ЕЛС, со цел прецизно да се дефинира и развие писмена поделба на должностите поврзани со севкупниот процес на буџетско трошење според работниот план на проектот, во рамки на:

 

Цел 3: Зголемена стапка на извршување на буџетот на локалните самоуправи

 

-           Активност 3.1.3 Градење на организацискиот капацитет на првата група партнери на ЕЛС за извршување на буџетот и за мониторинг и евалуација.

 

Обезбедувањето експертски услуги ќе биде дел од пакетите за техничка помош прилагодена на потребите на проектот, кои што се обезбедени за првата група на општини. Експертот ќе посвети должно внимание на фактот дека техничката помош е прилагодена со специјално дизајнирани активности за да одговори на конкретните потреби на секоја општина.

 

2. Цел на ангажманот

Оваа задача има за цел да им овозможи на 10-те ЕЛС да развијат јасна и прецизно дефинирана писмена процедура за поделба на должностите во процесот на трошење на буџетот на ЕЛС.

 

За да обезбеди поддршка во постигнувањето на горенаведената цел и активност, експертот ќе ги реализира следните задачи:

  • Ќе се запознае со резултатите од примената на Општинската картичка за постигнување на резултати за 10 -те ЕЛС, со идентификуваните празнини, како и со предложените интервенции.
  • Ќе се запознае со процедурите што се користат во една од шесте партнерски ЕЛС со воспоставени добри практики за поделба на должностите во процесот на буџетско трошење (општините ќе бидат идентификувани од Лидерот на компонентата).
  • Ќе посети и ќе ги прегледа внатрешните правила и процедури и актот за систематизација на две урбани и две рурални ЕЛС (од целните 10 ЕЛС) со цел да идентификува можни празнини, дуплирање/поклопување на улогите и одговорностите или судир на интереси во процесот на буџетско трошење и следење на расходите.
  • Ќе подготви писмена процедура со општи и конкретни препораки за поделба на задачите и должностите во процесот на буџетско трошење и следење на расходите, земајќи ги предвид заклучоците од состанокот со избраните ЕЛС. Процедурата ќе вклучува преглед на соодветна поделба на должностите како што е предвидено да тече целиот процес на буџетско трошење, со јасно утврдени и дефинирани одговорности на целиот вклучен персонал (вклучително и второстепените буџетски единици). Процедурата ќе се однесува и на хоризонталната (помеѓу одделенијата) и вертикалната (одделенија - градоначалник и совет) координација во рамки на процесот на буџетско трошење и следење на расходите.
  • Ќе ја презентира процедурата пред сите 16 партнерски ЕЛС на информативна сесија со конкретни упатства како истата да се применува.
  • Ќе обезбеди техничка помош (менторство) за целните 10 ЕЛС за да ја применат и прилагодат процедурата согласно индивидуалниот контекст на секоја ЕЛС.

 

3. Очекувани резултати

  • Извештај за идентификуваните празнини што ќе содржи општи и конкретни препораки за поделба на должностите земајќи ги предвид заклучоците од состаноците со избраните (две урбани и две рурални) ЕЛС и воспоставената добра пракса на една ЕЛС.
  • Нацрт писмена процедура со општи и конкретни препораки за поделба на должностите која ќе овозможи соодветно трошење и следење на буџетот.
  • Презентaција на процедурата на информативна сесија (организирана од проектниот тим) и последователни менторски сесии за 10 ЕЛС.
  • Финална писмена процедура за поделба на должностите во процесот на трошење и следење на буџетот за 10 -те целни ЕЛС.

 

Екпертот ќе има обврска за среднорочно известување до Лидерот на компонента 3 на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, и ќе ги доставува очекуваните резултати како што ќе ги развива.

Резултатите треба да бидат на македонски јазик, а консултантот да биде достапен да одговори на првата рунда коментари и на последното барање за промена на форматот на пишаните процедури. 

Ангажманот на експертот ќе биде проценет врз основа на исполнување на следните индикатори:

-  Број на обучени/менторирани општински службеници и

 - Број на општини со финализирана процедура за поделба на должностите за добро финансиско управување.

4. Период на извршување на активностите

Ангажманот се очекува да биде реализиран во периодот октомври 2021година – февруари 2022 година.

 

Севкупниот консултантски ангажман е предвидено да вклучува 15 дена:

Резултат 1 – 3 дена

Резултати 2&3 –  5 дена

Резултат 4 – 7 дена

 

5. Критериуми и квалификации

  • Образование:
  • Завршено високо образование во релевантната област (право, економија, управување со јавни финансии, итн.). Завршени пост-дипломски или докторски студии ќе се смета за предност.
  • Професионално искуство:
  • Најмалку десет (10) години професионално искуство во управување со јавни финансии.
  • Искуство во спроведување анализа на внатрешни контролни процеси за најмалку три (3) јавни институции.
  • Искуство во развивање на Прирачник за процедури за јавни институции, пожелно општини.
  • Најмалку пет (5) години искуство во градење на капацитети на општинска администрација.

 

- Јазик:

  • Одлично познавање на македонски јазик.
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

 

- Други критериуми:

  • Докажана способност да работи со кратки рокови и да испорачува услуги во однапред зададена временска рамка.
  • Јавни службеници немаат право да аплицираат.

- Претходно искуство поврзано со задачата:

  • Спроведени најмалку три (3) слични задачи.

 

Интелектуална сопственост: Сите дела произведени во рамки на оваа задача, вклучително креации, пронајдоци, идеи, дизајни, материјали заштитени со авторски права, трговски марки и друга технологија и права, ќе се сметаат за изнајмени дела. На консултантот не му е дозволено да објави било кој дел од резултатите.

Само (индивидуални) консултанти имаат право да аплицираат и да склучат договор за извршување на активностите наведени во овој повик.

 

6. Процедура за аплицирање

Заинтересираните апликанти треба да ја достават следната документација:

- Писмо за интерес,

- CV,

- Референтна листа со слични задачи и со контакт детали од 2 лица за препорака;

- Предлог за висината на бруто дневница во американски долари, која ги вклучува сите трошоци.

 

Бараните документи треба да бидат доставени на следната електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] , не подоцна од 16 септември 2021 до 17:00 часот. Некомплетната документација и документацијата доставена по рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »