
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Био Медика, компанија која се занимава со продажба на медицински потрошен материјал и опрема за операциони сали, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Комплетно водење и контрола на сметководственото работење;
- Контрола на книжење на финансиската и материјална документација;
- Книжење на сметководствена документација, влезни (услуги, материјали, основни средства), излезни фактури,изводи, увози (калкулации за увоз), ДДВ;
- Изготвување на финансиски неделни и месечни извештаи;
- Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка;
- Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка;
- Комуникација со сите релевантни државни институции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Диплома за завршен Економски факултет;
- Уверение за овластен сметководител;
- Минимум 2 години работно искуство;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакет;
- Познавање на Collab сметководствен програм, ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
- Добри аналитички способности, прецизност, уредност и одговорност;
- Мотивирана и стабилна личност;
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 02/02/2021.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »