
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата » Во име на наш клиент, една од најголемите веледрогерии со лекови, ДЕКРА ја огласува следната позиција
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО :
- Евиденција и контрола на влезна сметководствена документација;
- Книжење на денарски и девизни изводи;
- Денарски, девизни и меѓукомпаниски плаќања; уплати, исплати, благајна;
- Водење синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција на трошоците и обврските;
- Сложување на аналитички картици со комитенти;
- Доставување на сите потребни поднесоци и извештаи до УЈП,ЦРМ,НБРМ и други институции;
- Изготвување на месечни пресметки за ДДВ,ЗД и ПДД;
- Водење материјална евиденција на залиха, ситен инвентар и основни средства;
- Анализа на бруто биланси;
- Изготвување на месечни/квартални извештаи за парични текови;
- Активно учество во годишните пописи, интерни и екстерни ревизии и контроли, како и активна комуникација со регионалната дирекција;
- Месечно затворање на сметководството и изработка на прегледи поврзани со истото;
- Помош при изготвување на завршна сметка;
- Изработка на завршна сметка.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС;
- Минимум 3 години работно искуство на иста позиција;
- Лиценца за овластен сметководител;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office;
- Познавање на работата со ERP софтвери (SAP);
- Возачка дозвола Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Аналитички способности;
- Одговорна и темелна личност;
- Способност за работа под притисок и рокови;
- Лојална кон работата и компанијата, ги заштитува податоците гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на рејтингот и имиџот на организација.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Овластен сметководител.
Крајниот рок за аплицирање е 20/04/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »