(преземи го огласот во Word)
Скопски Легури ДООЕЛ е производител на феролегури. Заради рестартирање на производствениот процес отворени се нови работни места.
Скопски Легури бара СМЕТКОВОДИТЕЛ
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Високо образование во соодветната област;
- Претходно работно искуство во голема компанија ќе се смета за предност;
- Познавање на подготовка и анализа на финансиски извештаи, книжења и годишна сметка;
- Работа со апликациите од областа на сметководствена евиденција, како и изработка на пресметки и презентации;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Високо развиени организациони и аналитички способности.
Компанијата нуди:
Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Сметководител, апликациите ќе се прифаќаат до 17.05.2023 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.