
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »ЗЕГИН е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба и производство на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани и компетентни лица кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Со цел зајакнување на нашиот бренд Хелти Фуд, имаме потреба од вработување на следната позиција:
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ВОДЕЊЕ НА МАГАЦИН ЗА ЗДРАВА ХРАНА
Клучни задачи и одговорности:
- Прием и контрола на магацинска роба (соодветна распределба и означување, рокови)
- Контрола при изработка на документација (фактури, применици, испратници
- Содветно организирање на магацинскиот простор
- Организирање на работата на вработените
Потребни компетенции:
- Искуство од најмалку 1 година во магацинско работење со прехрамбени производи (искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност)
- Познавање од областа на нутриционизмот (Технолошки Факултет – прехрамбена насока ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Проактивност и способност за работа во тим
- Возачка дозвола Б категорија
Ако сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на Македонски и Англиски јазик со назнака
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ВОДЕЊЕ НА МАГАЦИН ЗА ЗДРАВА ХРАНА на [најави се за да го видиш е-маилот] во рок од 7 дена од објавување на огласот. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »