
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Помошник економист” .
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување.
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Комуникативност;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Желба за докажување и напредок;
- Способност за самостојна и тимска работа
- Работно искуство во областа на сметководството - ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата;
Предност ќе имаат кандидати со адреса на живеење во општина Бутел.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “Помошник економист”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »