
- Објавен на 4.2018
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 22.04.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
- Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 900 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 420 вработени и има 106 подружници.
За работа на територијата на Град Скопје, потребен e
МАГАЦИОНЕР/ВОЗАЧ
Основни должности:
- Прием на стока, припрема на стока, утовар и истовар
- Припрема и монтажа на мебел
- Раздолжување на уплатни места со опрема која се враќа во магацин
- Припрема на стока за отпис
- Редовен годишен попис
- Сортирање, задолжување и раздолжување на приемници и отпремнина во магацинот и друга попратна документација
- Уредно водење патни налози
- Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
- Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото кое го користи
- Пополнување на електронски патен налог
- Водење сметка за потрошувачката на горивото
Услови:
- Средно образование IV степен на стручна подготовка
- Потребно искуство: Потребно е минимум претходно работно искуство од 2 години на исти или слични работи. Потребно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи.
- Сертификати/Лиценци: Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија, поседување возачка дозвола (Ц категорија) ќе се смета за предност
- Дополнителни знаења: работа со компјутер
- Вештини: комуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација, одговорност и доверливост,
- Добро познавање на патиштата во Македонија
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 22.04.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Останати огласи »