Младинска гаранција

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија започнува реализација на проектот Гаранција за млади. 

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која активно се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година. 

Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од 4 месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување во мерката Гаранција за млади, ќе им понуди некоја активна мерка за вработување или платена до едукација. 

Повикот е отворен за млади лица кои не се вработени и го имаат завршено своето образование (Средно училиште или факаултет) и се на возраст до 29 години кои доаѓаат од општините на територија на г. Скопје, општина Струмица и општина Гостивар.


Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив. 

Доколку сте заинтересирани за вклучување во Гаранцијата за млади пополнете ја оваа форма  за пријавување https://goo.gl/forms/jj80jNCipMHHWHYr1 или испратете ваша кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и теренските работници од вашата општина ќе ве контактираат. За дополнителни информации обратете се на [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »