Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Самостоен сметководител
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Проверува, евидентира и книжи влезна документација;
Книговодствено ја евидентира и доставува до изведувачите-добавувачите излезната документација;
Ја води благајната;
Усогласува сметкoводствена евиденција;
Подготовува и пријавува даноци;
Врши организација и попис;
Комуницира со изведувачи-добавувачи;
Изготвува извештаи до кредитори и надлежни инситуции;
Соработува со ревизори за финансиски извештаи;
Учествува во изготвување на завршни сметки и финансиски извештаи IFRS;
Изготвува Договори за порамнување.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста работна позиција со искуство во изготувување на завршна сметка и финансиски извештаи;
Претходно работно искуство во корпоративна средина ќе се смета за предност;
Лиценца за овластен сметководител;
Завршено високо образование од областа на економија и финансии;
Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво).
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Добри комуникациски и организациски способности;
Напредно познавање на MSS & MSFI
Мин. 5 години работно искуство со Pantheon;
Одлично познавање на MS Office;
Одлични аналитички способности.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е 26/04/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »
Обуки
сега
пред 20 минути
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена