Плата од 40.000 ден.
(преземи го огласот како слика)

Друштвото за консалтинг РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје објавува:
ОГЛАС
за пополнување на слободно работно место
ПРАВЕН КОНСУЛТАНТ
Работниот однос ќе се заснова, со полно работно време со 40 часа неделно, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.
ШТО НУДИМЕ?
1. Дополнително приватно здравствено осигурување
2. Компетитивна плата од најмалку 40.000 денари
3. Можност за доквалификации
4. Пријатна работна атмосфера
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено Високо Образование (ВСП) (Правен Факултет)
2. Положен правосуден испит
3. Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office)
4. Со или без работно искуство
Потребни документи:
• писмо за интерес
• биографија (CV)
• уверение за завршено високо образование
• уверение за положен правосуден испит
Документите да се достават на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.
Огласот трае Осум (8) дена од денот на објавувањето.