МАКПЕТРОЛ лого

Продавачи/ки - Касиери/ки на бензинска станица - Скопје

За компанијата:

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето... повеќе за компанијата »

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 79 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!

О Г Л А С

За вработување на 11 (единаесет) работници на определено време од 4 (четири) месеци и  можност за продолжување на бензинска станица во регион Скопје во Дирекцијата за малопродажба во „Макпетрол“ АД. – Скопје и тоа:

8 (осуммина) работници на работно место продавач

Основни работни задачи и одговорности:

  • Услуга и продажба на горива и производи од дополнителниот асортиман
  • Комуникација и грижа за потрошувачи и одржување на позитивен став
  • Наплата на побарувањата на потрошувачите
  • Дополнителна услуга кон потрошувачи
  • Безбедно извршување на работните задачи почитувајќи ги стандардите за безбедност и здравје при работа и заштита на животна средина

Нето платата за работното место продавач изнесува од 33.500 до 46.500 денари.

3 (тројца) работници на работно место продавач - касиер

Основни работни задачи и одговорности:

  • Спроведување на процесот на наплата на гориво и дополнителен асортиман преку фискален систем
  • Точно и одговорно ракување со готовински и безготовински средства за плаќање
  • Издавање фискални документи и водење на пропишана касовна евиденција
  • Изложување на роба и проверка на рок на траење на производите
  • Комуникација и грижа за потрошувачи и одржување на позитивен став

Нето платата за работното место продавач - касиер изнесува од 32.000 до 41.000 денари.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
  • Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.

Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно, во согласност со однапред утврден распоред за работа.

Работата за време на неработни денови, празници, ноќната работа и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;

Потребните документи да се достават на е – пошта  [најави се за да го видиш е-маилот]

лице за контакт: Јана Момировска

телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »