Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.
Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор!
Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци и можност за продолжување на договорот на работно место бравар во РЕ 350, Одделение за регионални поправувачи во Сектор за сервисирање, верификација и финансии во Дирекцијата за одржување.
Локација: Штип, Радовиш или Струмица.
Работни задачи и одговорности:
- Интервенции и поправки на автомати за точење гориво и ТНГ, како и други уреди (компресори, пумпи, броила)
- Монтажа, демонтажа и замена на делови и елементи (црева, пиштоли, волуметри), како и нивна репарација (во работилница, а по потреба и на терен)
- Учествување во теренски интервенции низ различни региони на цела територија на државата
- Почитување на стандардите за безбедност и правилата за техничка исправност
- Водење евиденција за извршени поправки и интервенции
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно техничко образование (машинско или сродно);
- Претходно работно искуство од 2 години
- Основно познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Извршување на работните задачи и работно време:
Дневното работно време за работното место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Најниската основна нето плата за горенаведеното работно место изнесува 36.500 денари.
Работата за време на неработни денови, празници и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.
Што нудиме?
- Конкурентна плата и додатоци
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата
Начин на апликација:
Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Аплицирајте сега и станете дел од тимот што ја движи иднината!
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ