БАХАШ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје лого

Економист/Сметководител (внатрешна позиција)

Плата од 55.000 ден. до 70.000 ден.

За компанијата: Градежна компанија специјализирана за изградба на станбени објекти и комплексни проекти од областа на високоградбата. Компанијата моментално реализира проект – комплекс од 72 типски семејни куќи во населба... повеќе за компанијата »

Градежна компанија која реализира станбен проект – комплекс од 72 типски куќи во населба Бардовци, поради зголемен обем на работа има потреба од Економист/Сметководител за внатрешна финансиска организација и координација со надворешно сметководство.

Опис на работни задачи:

  • Внатрешна евиденција и контрола на финансиска документација

  • Подготовка, систематизација и навремено доставување на комплетна документација до надворешното сметководство

  • Контрола на фактури, договори, пресметки и исплати

  • Следење на приливи, одливи и финансиски текови во рамки на проектот

  • Подготовка на интерни финансиски извештаи за потребите на менаџментот

  • Комуникација со банки, клиенти, добавувачи и надлежни институции

  • Следење на обврски и рокови поврзани со финансиско работење

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на економија, финансии или сметководство

  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

  • Одлично познавање на MS Office (особено Excel)

  • Организираност, аналитичност и високо ниво на одговорност

  • Познавање на финансиски и сметководствени процедури

  • Познавање англиски јазик ќе се смета за предност

Нудиме:

  • Стабилна и долгорочна работна позиција

  • Работа во растечки градежен проект со јасна организациска структура

  • Професионална и динамична работна средина

  • Конкурентни примања согласно искуство и квалификации

Заинтересираните кандидати може да достават CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Рок за аплицирање: 20.03.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »