ЗЕГИН ДОО е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Потребни квалификации:
• Средна стручна спрема
• Минимум 3 (три) години на работно искуство
• Возачка дозвола од минимум Б категорија
Опис на работата:
Основни работни задачи се поврзување, отклонување на дефекти и испитување на инсталации, инсталација и поврзување на клими. Предност имаат кандидати со искуство од електрични системи, самоиницијативни и прецизни при работа и флексибилни за динамична работа.
Што нудиме:
• полно работно време
• платени дополнителни часови прекувремено
• платен годишен одмор
• можност за напредување во кариера
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Хаус мајстор на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.