
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент Дунав СРД, лидер во областа на интралогистички и магацински решенија, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Одржување на редовен сервис на виљушкари;
- Дијагностика и отстранување на механички, хидраулични и електрични дефекти;
- Извршување на технички прегледи и осигурување дека машините работат безбедно и ефикасно;
- Водење евиденција за сите извршени сервисирања и пополнување на техничка документација;
- Работа на терен и одржување активна комуникација и следење на барањата на клиентите;
- Одржување на алатите и работната околина во чиста и организирана состојба;
- Почитување на сите безбедносни протоколи и политики на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Минимум една година искуство во областа;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Одлични комуникациски и организациски способности;
- Флексибилност и адаптибилност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »