
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Одговорно лице на ставање за серија лек во промет
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
- Завршена специјализација по аналитика и контрола на лекови или дополнителна едукација од производство и контрола на лекови и најмалку две години работно искуство во областа;
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.
Работни задачи:
- Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на дозволата за производство на лек;
- Обезбедува следење на производството на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса, односно контролата на квалитет во согласност со препораките на Добра лабораториска пракса какмо и член 51 на Директивата 2001/83/ЕС;
- Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од спецификациите и одобрението за ставање на лек во промет;
- Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, заедно со носителот на одобрението за ставање на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
- Го организира и ускладува процесот на работа во координација со останатите сектори.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено потребно образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават на следната адреса:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »