Силк Роуд Банка АД Скопје лого

Раководител на експозитура во Скопје

За компанијата:

Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.

повеќе за компанијата »

Силк Роуд Банка вработува!

Раководител на експозитура во Скопје

Силк Роуд Банка АД Скопје, како стабилна и растечка финансиска институција, отвора можност за вработување на мотивиран и искусен Раководител на експозитура, кој ќе придонесе кон унапредување на квалитетот на услугите и растот на Банката.

Клучни одговорности:

  • Организација и раководење со работата на експозитурата
  • Остварување на продажни цели и унапредување на односите со клиенти
  • Управување и мотивирање на тимот
  • Обезбедување усогласеност со интерните процедури и регулативи
  • Грижа за квалитетна и професионална услуга кон клиентите

Потребни квалификации:

  • Високо образование (економија, финансии или сродна област)
  • Најмалку 3 години работно искуство во банкарскиот/финансискиот сектор
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Многу добро познавање на англискиот јазик
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Проактивност, ориентираност кон резултати и клиенти

Нудиме:

  • Стабилно вработување во реномирана банка
  • Можности за професионален развој и напредување
  • Конкурентен пакет на плата и бенефиции
  • Работа во динамична и професионална средина
  • Слободен ден за роденден

Аплицирање:

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »