
За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот...
повеќе за компанијата »Зборуваш одлично германски? – Работи од дома!
Агенција Рејтинг нуди вработување со полно или скратено работно време, со сите бенефиции и осигурувања. Освен ова, нудиме можност за работа од дома по истите бенефиции. Нашите вработени имаат целосна поддршка и секој од нив поминува низ сеопфатен тренинг. Потенцијалот за заработка и напредок во нашата компанија е огромен! Со загарантирана добра почетна плата и јасен систем на бонуси и бенефиции, ќе имате одлични примања и можност за напредок во кариерата!
Услови и бенефиции:
- Работно време од 13 до 21 (полно работно време)
- Можност за работа од дома
- Солидна почетна плата со можност за бонуси и раст во самата компанија
- Структурирани обуки и тренинзи
- Осигурување
- Програми за личен и професионален развој
- Можности за патување
Квалификации и карактеристики:
Иако не е потребно преголемо претходно искуство, сепак искуство во продажба, комуникации и поддршка на клиенти може да помогне за побрза адаптација на новото работно место. Нашиот детален индивидуален тренинг ќе Ви го обезбеди неопходното знаење и вештини за успех во работата.
Предуслови за работната позиција се следните:
- Одлично говорење на германскиот јазик (познавање и на аглискиот јазик е предност)
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Да бидете мотивирана, позитивна личност која ужива во градење односи и комуникација со различни луѓе
- Основни компјутерски вештини
- Да бидете смирена и толерантна личност
Одговорности:
- Истражување по телефон за реномирани светски брендови присутни во Германија
- Интервјуирање на потенцијални клиенти
- Закажување состаноци и дефинирање потреби на потенцијални клиенти.
Агенција Рејтинг (www.ratingcallcenter.com) е меѓу водечките компании во регионот за комуникации и истражувања. Нашиот тим постојано расте а компанијата има канцеларии во четири земји на Балканот. Работиме на проекти во десет земји членки на Европската Унија.
Заинтересирани? Пријавете се веднаш! Местата се ограничени! Нашиот тим за човечки ресурси има флексибилно работно време. Доколку во моментов сте вработени, интервјуата и пробниот период ќе ги реализираме во попладневните часови од 17 до 20 часот. Испратете ни го Вашето резиме на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ве очекуваме!
Останати огласи »