Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 7 (седуммина) работници на работно место манипулант – општ работник на определено време од 4 (четири) месеци со можност за продолжување во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Полнилница Миладиновци (ТНГ) Дирекцијата за големопродажба.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено основно или повисок степен на образование;
- Со или без работно искуство.
Извршување на работните задачи и работно време:
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 37.000 денари.
Работата за време на неработни денови, празници и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.
Што нудиме?
- Конкурентна плата и додатоци
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата
Начин на апликација:
Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку пополнување на формуларот наведен во огласот.
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Aпликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.