
За компанијата:
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме... повеќе за компанијата »
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за премиско сметководство
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено високо образование од областа на економија, финансии и сметководство,
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и сметководство,
- Одлично познавање на Microsoft Word, Excel, сметководствени програми и политики,
- Задолжително познавање на Англиски јазик,
- Развиени комуникациски, организациски и аналитични вештини,
- Ориентираност кон критично размислување и решавање на проблеми,
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови,
- Способност за тимска и индивидуална работа,
- Поседување на висок интегритет, одговорност и лојалност.
Работни обврски
- Врши подготовка на пропратна документација со која се реализираат исплатите и наплатите;
- Врши наплати на премии од продажбата на полиси во Генерална Дирекција;
- Изготвува благајнички извештаи за состојбата во благајна со целокупната пропратна,
- Изготвува налози за плаќање преку интернет-банка, и претходно изготвување на извештаи за нивно одобрување,
- Подготвува налози за исплата, денарски и девизни (штети, фактури, провизии, судски такси, плати),
- Доставува налози за исплата во банка и се грижи за нивно точно и навремено извршување,
- Врши книжење на сите уплати од премија врз основа на спецификациите доставени од каналите на продажба,
- Го следи побарувањата и обврските на осигурениците,
- Остварува контакти со сите канали на продажба на Друштвото, во врска со задолжувањата, нивните уплати, и уплатите од правни лица направени за нивни сметки,
- Изготвува список за исплата на плати и води евиденција за промените во работниот кадар, промени во месечни плати, одбитоци или награди,
- Ги обработува аналитичките податоци, побарувања од премија според местото на остварената продажба, како и според видови осигурувања,
- Ги следи побарувањата и обврските на осигурениците,
- Изготвува извештаи од областа на финансиско работење по барање на претпоставените;
- Врши други сродни работи по барање на претпоставените.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за премиско сметководство”.
Со доставувањето на Вашата апликација потврдувате дека прифаќате Вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »