
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Алма - М објавува ОГЛАС за извршител на следната работна
Позиција: АНАЛИТИЧАР(КА) НА ПРОДАЖБА
Датум на објава: 11 Септември 2018
Рок за пријавување до: 23 Септември 2018
Број на оглас: О-А-АП-180911
Сектор: Администрација
Локација / Регион: Скопје
Одговара на претпоставен/а: Национален менаџер за продажба
Работни задачи:
- Подготвува извештаи за Клучни индикатори на успешност (KPI) за: дневна, неделна, месечна, квартална, годишна и повеќегодишна продажба,
- Развива методи и стратегии за проценка и обработка на бази на податоци,
- Внимателно проучува, анализира и проценува податоци, за да утврди трендови во продажба, планови, проекции и области за подобрување,
- Дава насоки на продажба во однос на трендови и изработува идни планови за продажба,
- Креира извештаи за евалуација на продажба (резултат VS план) по: агент, тим, бренд, град, канал, вид на објект, ...
- Присуствува и презентира извештаи за продажба на состаноци за продажна стратегија на менаџмент на Алма-М (и нејзини принципали),
- Предлага корекции и ревизии на планови и извештаи,
- Изготвува извештаи за подобрувања и предлага мислења за реструктуирање на компанијата,
- Работи со целокупен тим за продажба,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
- Генерира ад-хок извештаи за продажба, маркетинг акции, наплата, долгови и т.н.,
- Изработува и други извештаи по барање на менаџментот на Алма-М.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум високо образование,
- Напредни способности за проценка на групи на податоци и идентификување на модели/ шаблони,
- Поседување силни математички вештини и ориентираност кон детали,
- Експертско познавање и работа со Мајкрософт Ексел,
- Демонстрира висока способност да размислува и истражува независно, аналитички и креативно,
- Способност за мултитаскинг при анализа на податоци,
- Ефикасно управува со време,
- Се чувствува комотно во околина со брзо темпо на работа,
- Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Одлична комуникација и професионално однесување,
- Зборува самоуверено и аргументирано пред група,
- Поседува силни вештини за соодветно решавање на проблеми,
- Познава Англиски јазик,
- Пожелно познавање на ЦФМА софтвер,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Останати огласи »