
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Офицер за заштита на лични податоци
Работни должности и одговорности:
- Следење и почитувањето на прописите за заштита на личните податоци
- Обезбедување на внатрешна усогласеност на прописите за заштита на лични податоци
- Подигнувањето на свеста на вработените за сериозноста на Законот за заштита на лични податоци
- Вршење ревизија, контрола и проверка на почитување на прописите за заштита на личните податоци кон другите субјекти во компанијата
- Идентификација и решавање на проблемите во раните фази на развој на новите системи и новите продукти
- Давање конкретни совети и следење дали истите се прифатени
- Изготвување целосна документација согласно Законот за лични податоци
- Водење на евиденција на Збирки за лични податоци
- Координација со сите назначени одговорни лица од секторите во компанијата
- Обуки на вработените претставници на секторите
- Вршење на сродни работи
Квалификации
- Дипломиран правник
- 5 години работно искуство во правната свера. Искуство во областа на заштита на личните податоци претставува предност.
- Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање деловен англиски јазик;
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим .
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Офицер за заштита на личнии податоци на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »