
Дали барате дополнителна заработка со само неколку часа ангажман дневно?
Д Апартмани, лоцирани во строгиот центар на Скопје, имаат потреба од одговорна и педантна личност за одржување на нашите сместувачки капацитети.
Доколку сте енергични и имате око за детали, ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Ваши задачи:
- Темелно чистење и дезинфекција на апартманите по заминување на гостите.
- Подготовка на апартманите за прием на нови гости според нашите стандарди.
- Перење, пеглање и грижа за крпите и постелнината.
- Следење на залихите на потрошен материјал (сапуни, тоалетна хартија и сл.).
Што бараме:
- Високо ниво на хигиена и педантност.
- Точност и почитување на временските рокови.
- Претходно работно искуство во хотел или апартмани ќе се смета за предност.
Работно време и услови:
- Време: Од 11:00 до 13:00 часот (само во деновите кога има заминување/пријавување гости).
- Локација: Центар, Скопје.
- Плата: Надоместок по извршен ангажман (исплата по договор).
Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За огласот за Собарка“ или јавете се на 077869543.
Слични огласи »