
За компанијата:
Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »
Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
Оператори за телефонска продажба
[реф. бр. 2019-024]
Профил на работната позиција:
- Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку излезни повици;
- Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
- Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
Профил на кандидатот:
- Завршено минимум средно образование;
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
- Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
Услови:
- Скратено работно време 20 часа неделно;
- Право на бонус согласно постигнати резултати.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберат ниту еден кандидат.
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.
Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.
Слични огласи »