
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата Хеленик Петролеум и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- Самостоен аналитичар за финансиска контрола
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Анализа и контрола на финансиските податоци на компанијата;
- Учество во изготвување на презентацијата за месечното работење на компанијата;
- Креирање и имплементација на буџетот за оперативни трошоци (Opex);
- Следење и контрола на оперативни трошоци (Opex);
- Креирање и имплементација на буџет за капитални инвестиции (Capex);
- Следење и контрола на капитални инвестиции (Capex);
- Учество во креирање и имплементација на Бизнис планот на компанијата;
- Учество во изготвување на презентацијата за Бизнис планот на компанијата;
- Изготвување на сите законски и интерни финансиски извештаи;
- Подготовка на инвестициска анализа за поддршка на релевантни инвестициони предлози;
- Дефинирање, пресметка на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиски анализи;
- Имплементирање и координирање на сите процедури за затворање на месецот и фискалната година;
- Известување до Комисија за хартии од вредност и комуникација со инвеститори;
- Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Висока стручна спрема – ВСС, Економски факултет пожелно отсек финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.;
- Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на финансиите;
- Поседување ACCA сертификат ќе се смета за предност;
- Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање деловен англиски јазик;
- Претходно работно искуство со SAP информациски систем ќе се смета за предност.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
- Одлични аналитички способности;
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Добри презентациски вештини;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Способност за решавање проблеми и за работа со кратки рокови;
- Посветеност и ориентираност кон резултати;
- Ентузијазам и желба за напредување.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е : 15/02/2022
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »