Ерак Груп Дооел Скопје лого

Раководител/Директор на туристичка агенција

Eрак Груп Дооел е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт,логистика,туризам и угостителство.Поради проширување на тимот има потреба од следните работни позиции :

Раководител/ Директор на туристичка агенција

 

Потребни квалификации:

  • Завршен фактултет,  факултет за туризам ќе се смета за предност
  • Работно искуство во полето на туризмот од најмалку 5 години, посебно на раководни позиции во туристичка агенција
  • Неоходно познавање на англиски јазик, додека познавање на турски јазик ќе се смета за предност
  • Добро познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Способност за извршување мулти таскинг задачи
  • Способност за комуникација со различен тип на луѓе

 

Опис на работата

Ги планира, организира, раководи и контролира операциите на туристичката агенција. Ги координира и раководи активностите на вработените, што не се однесува само на секојдневните активности туку и на вработувањето на нови работници, обуката и евалуацијата на вработените. Истражување на пазарот заради развој на нови производи и дестинации.

Должности:

  • Да користи оперативни менаџмент вештини, како што се изготвување на работни планови и цели
  • Да користи финансиски вештини, како што е следење на буџетот
  • Да управува со човечките ресурси, како што се вработување и обука на вработените
  • Да користи продажни и маркетинг вештини, заради развој на нови пазари
  • Да ги координира набавните функции преку соработка со партнерите (хотели, транспорти компании, ресторани и места за посетување)
  • Истражување на нови производи

Клучни потребни квалитети:

Организираност, прецизност, тимска работа, ажурност, флексибилност, одговорност, лојалност, интерес за усовршување.

Возачка дозвола ќе се смета за предност.

Доколку сте заентересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) на следниот меил :  [најави се за да го видиш е-маилот] ,со назнака за позицијата за која се аплицира : Раководител/Директор на туристичка агенција,најдоцна до 06.12.2019

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »