
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР
Извршител: 1
- Потребни услови:
- ВСС 7/1 степен, Факултет и посебно Овластување за ревизор;
- 8 години работно искуство;
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурувањето;
- Познавање и работа на компјутери; и
- Пожелно е познавање на англискиот јазик.
- Опис на работите и задачите:
- Врши ревизија на работењето на Друштвото за утврдување дали истото работи согласно Законот за супервизија на осигурување, подзаконските акти произлезени од истиот, како и внатрешните акти со кое се регулира работњето на Друштвото;
- Учествува во изготвување на годишна програма за работа која ја одобрува Одборот на директори на Друштвото;
- Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува Одборот на директори на Друштвото;
- По барање на Одборот на директори и/или Извршните директори може да врши и други нередовни ревизии на работењето на одделните организациони единици на друштвото;
- Учествува во изготвување на извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
- Врши постојана контрола на спроведување на правилата за внатрешни контроли, контрола на секоја неусогласеност, неуредно работење, следење на примена на законските и подзаконските акти, како и внатрешните акти на Друштвото од страна на секоја организациона единица и Подружница на Друштвото;
- Врши и други работи поврзани со работната позиција.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Внатрешен ревизор ”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото, до една година.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »