МАРКТ ОРГАНИК ДООЕЛ Скопје лого

Комерцијалист / Дистрибутер (Ланец на храна)

Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.

Ако си човек што ја сака теренската работа, си организиран, одговорен и знаеш како се гради добар однос со купувачи – можеби токму ти си она што ни треба.

Нашата фирма се занимава со дистрибуција на свежа храна со краток рок на траење. Работиме со ладен ланец, што значи дека производите мораат да бидат постојано во контролиран режим – квалитетот ни е на прво место.

Сега сме во потрага по лице кое ќе биде главен застапник за продажба и дистрибуција во Скопје и околината – некој што ќе ја знае работата од почеток до крај и ќе ја води како своја.

ШТО ЌЕ БИДЕ ТВОЈА ОДГОВОРНОСТ:

  • Да правиш нарачки за тимот во производство според моменталните залихи што ги имаме на терен
  • Да правиш поврат на производи пред истек на рок – навремено
  • Да ги посетуваш клиентите според рута што е однапред договорена од наша страна (неделна/месечна)
  • Да отвараш нови продажни места (дополнителен бонус за секој нов комитент)
  • Да се грижиш за односите со постоечките клиенти – комуникација, доверба
  • Да водиш сметка како се изложени производите и да поставуваш промо материјал
  • Да внимаваш возилото секогаш да е во исправна и чиста состојба
  • И секако, да си тимски играч

ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ТЕБЕ:

  • Најмалку 2 години искуство во слична работа (комерција, дистрибуција)
  • Да си одговорен и посветен
  • Возачка дозвола Б-категорија
  • Да имаш желба за напредок и иницијатива

ШТО НУДИМЕ:

  • Работа во една смена
  • Плата 35.000–40.000 денари + бонуси според обемот на промет
  • Дополнителни бонуси и процент од промет за секој нов клиент што ќе го донесеш
  • Пријатна и фер работна средина
  • Поддршка од тимот, но и доверба да си ја водиш теренската работа како своја

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »